Радио Милева
Вистина

Анастасија Богдановска ја покажа реалната слика која очајно недостига на социјалните мрежи, а се’ со цел помалку фрустрации и комплекси (видео)

Анастасија Богдановска ја покажа реалната слика која очајно недостига на социјалните мрежи, а се’ со цел помалку фрустрации и комплекси (видео)

Социјалните мрежи се секојдневие речиси на сите, за некои повеќе, за други помалку, но генерално тоа е местото каде најмногу се претставува една искривена слика за реалноста во секојдневието.

На Инстаграм и Фејсбук се’ е совршено и идеално, па оттука многу лесно кај одредена група може да се создадат фрустракции и комплекси, чувство на пораз и несигурнот.

ТВ водителката и новинарка Анастасија Богдановска неодамна стана мајка по вторпат и е активен корисник на социјални мрежи, но ги користи како платформа каде сака да го претстави споротивното од горенведеното, односно да ја покаже реалната слика од разни аспекти.

Бидејќи мајчинството е во нејзиниот примарен фокус, овој пат сакаше да алудира дека секоја мајка е совршена мајка за своето дете.

Споредби со другите не се потребни, а твојата приказна е само твоја – лична. Деа сними кусо, но психолошки одлично видео кое вреди да се погледне, кратко но со висока цел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)

Во описот напиша: „Кога се чувствуваш несигурно. Поразено. Недоволно. Кога социјалните мрежи прават преголем притисок врз секој еден, особено врз мајките.

И моето дете не јаде секогаш како по книга. Ниту нејзиното.

Дома не ми е секогаш средено како во салон. Ниту кај неа.

И мојата ќерка знае со часови да не заспива… Па се откажувам и ја заспива татко и’.

Наброј се низ што поминуваш, затоа што поминувам низ истото и јас. И ТАА исто така.

А како ќе биде со две деца, помали од две години…

ЗАТОА… Не се споредувај со ниту една друга, иако поминувате низ истото. Сепак твојата приказна е само твоја. Секоја мајка е совршена мајка за своето дете.
Секоја мајка знае што е најдобро САМО ЗА НЕЈЗИНОТО ДЕТЕ. Да си бидеме поддршка.“ – пишува Анастасија.

Прекрасно срочено и рализирано, а оправдано ги доби сите пофалби од следбениците, Деа секогаш реална и отворена за вистината на живтот и секојдевието се повеќе ги освојува симпатиите како позната личност која нема резерви пред јавноста.

Останати вести од Радио Милева