Високите пролетни температури и сончевите зраци полека го наговестуваат летото, па српската пејачка и ТВ водителка Ана Севиќ одлучи да ги израдува своите фанови со нова секси фотографија од море. Собирајќи 205.000 следбеници на Инстаграм, пејачката објави неколку фотографии сликани на плажа.

Ана влезена до половина во вода, со ќеркичката Лорена в раце, покажа колку е секси мама во костим за капење, каде нејзините облини доаѓаат до полн израз.

Оние другите фотографии пак, каде е сликана сама по бикини во лежечка позиција, го вжештија и песокот на плажата и социјалните мрежи.

Дефинитивно, Ана Севиќ е сирена… и во вода и на суво!
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.