Радио Милева
се забавува

Aна Николиќ танцуваше по градник и чорапи пред зграда (фото)

Aна Николиќ танцуваше по градник и чорапи пред зграда (фото)

Пејачката Ана Николиќ неодамна откри дека „се изгладнува за да изгледа убаво“, а сега своето извајано тело го покажа во видео објавено на Инстаграм.

Имено, таа објави видео на кое танцува во провокативно издание пред зграда.

На снимката, поп-пејачката е облечена во розова бунда, хулахопки и градник додека танцува и се витка во паркот пред зградата. Ана среде ноќ се нашла во необична акција, најверојатно поради професионално снимање, но снимката направена со телефонот покажа како таа се забавува.

Изгубив повеќе од 50 килограми. Во еден момент тежев дури 105 килограми. Процесот на промена не беше лесен, имаше подеми и падови, но секогаш верував дека повторно ќе бидам онаа старата Ана. Покрај се’, јас сакам да тренирам! Од кога знам за себе сум активна. Или вежбам или танцувам, но никогаш не мирувам. Со вежбање, ја исфрлам негативната енергија, гневот, па дури и тагата. На прво место да се здебелам влијаеше мојата бременост, но нема да лажеме, јадев многу“ – неодамна призна Ана.

фото: принтскрин/инстаграм

Останати вести од Радио Милева