Радио Милева
се врати старата љубов

Ана Бекута се огласи по првиот настап од смртта на Мрка: Пејачката објави снимки од новогодишниот концерт, па порача: „Да видиме како изгледа за оние кои гледаат од горе“

Ана Бекута се огласи по првиот настап од смртта на Мрка: Пејачката објави снимки од новогодишниот концерт, па порача: „Да видиме како изгледа за оние кои гледаат од горе“

Пejачката Ана Бекута одржа два новогодишни настапи само еден месец по смртта на Милутин Мркоњиќ Мрка.

Ана за дочекот на новата година пееше на плоштад во Требиње, а тоа беше прв настап на пејачката по смртта на Милутин.

Таа објави снимки од настапите, па истакна дека многу и недостигала љубовта на публиката и дека и е мило што во 2022 година влезе токму со публиката.

-По еден месец застанав на сцената и тука ме дочека силата на вашата љубов. Беше неверојатно. Ми беше потребно. Ви благодарам на гостопримството, на одличната организација и на Драшко кој се потруди во новата година да влеземе како што заслуживме – весели, среќни и без ниту еден инцидент, напиша Ана во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

Таа додаде дека на концертот имало 35 000 луѓе кои ги пееле нејзините хитови.

-Само што ги добив овие снимки од воздух. Велат дека на плоштадот Крајине имало околу 35 000 луѓе. Верувајте ми дека ја почувствував прегратката на секој од вас. Преубави се снимките од небо. Да видиме како изгледаше за оние кои не гледаат од горе, додаде Бекута.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

 

фото: Инстаграм

Останати вести од Радио Милева