Промотер

„Ама“ е новата песна на Ерос Рамацоти со која најави светска турнеја (лирик ВИДЕО)

„Ама“ е новата песна на Ерос Рамацоти со која најави светска турнеја (лирик ВИДЕО)

Познатиот италијански пејач Ерос Рамацоти ја објави својата нова песна „AMA”, најавувајќи го така и новиот албум „Battito infinito“, но и новата светска турнеја, која ќе се одвива од септември 2022 до мај 2023 година.

– Мислам дека овие концерти се најдобар начин да го прославам објавувањето нова музика. Бев вклучен во секоја фаза од процесот и се грижев за подробностите и нијансите. Во секој од тие настапи ќе има мало делче од мене и мојата приказна. Едвај чекам повторно да се сретнам и да ги гушнам моите обожаватели, бидејќи мислам дека тоа е најдобриот начин да го надминам овој сложен миг и да почнам повторно да создавам, заедно со нив, изјави пејачот.

Албумот излегува на пазарот на 16 септември годинава.

Инаку, италијанскиот кантавтор во својата над 35-годишна кариера има продадено 70 милиони албуми, а последниве години – и над две милијарди слушања на стрим-услугите на светско ниво.

„Ама“ е приказна за универзалната љубов, химна на слободата, повик да се сака она што се сака, без ограничувања и препреки и да се слави тоа чувство во сите облици“, вели пејачот, а неговата нова песна проследете ја во продолжение: