Мегафон
спонзорирана објава

All Stars спот на „Паскалин“: Најдобрите го избираат најдоброто

All Stars спот на „Паскалин“: Најдобрите го избираат најдоброто

Врвните актерски имиња Никола Ристановски и Јелена Јованова, топ-моделот Катарина Ивановска, Дрита Ислами – атлетичарка, олимпијка и национална рекордерка, како и нашите извонредни музичари Каролина Гочева и Влатко Лозановски се собраа на едно место во новиот ѕвезден ТВ-спот на најдоброто кафе на македонскиот пазар – „Паскалин“.

Истрајност, храброст и неуморност се особините што ги поврзуваат овие шест докажани имиња, кои долги години опстојуваат на врвот, секој во својата област. Токму таков е и „Паскалин“, бренд препознатлив меѓу љубителите на кафе по својот квалитет, вкус и стил.

– Некои луѓе едноставно не прават компромиси, храбро и неуморно грабат кон врвот, веруваат во себе, ги совладуваат препреките, ги надминуваат стравовите и никогаш не запираат. Токму такви се нашите нови бренд-амбасадори, кои се одбрани неслучајно. Тоа се вредностите кои се вткаени во секое пакување „Паскалин“, направено од најдобрите арапски зрна кафе, преработени со врвна италијанска технологија за производство – велат од „Паскалин“ и додаваат дека благодарение на контролата на квалитетот и соодветната амбалажа, омиленото кафе на познатите ја задржува својата арома подолго време.

Врвно. Без компромиси.

Спотот се снимаше цели четири дена, на седум локации, меѓу кои и скопскиот акведукт и салата на македонската Филхармонија. Реализиран е во продукција на агенцијата „Бец Шолц енд Френдс“, а на него работеше екипа од над 20 врвни професионалци.

Овој спот е само почеток на соработката меѓу „Паскалин“ и шесте македонски ѕвезди. Можете да го погледнете тука.