Живот и Стил

Алиштата никако не смее да ги сушите на радијаторите, има добра причина за тоа

Алиштата никако не смее да ги сушите на радијаторите, има добра причина за тоа

Студените денови веќе дојдоа, а во текот на доцната есен и зимата многу домаќинства алиштата ги сушат на радијаторите. Но, експертите предупредуваат дека тоа може да биде опасно од повеќе причини.

Големи се шансите да се создаде мувла, а следна причина е влагата која ќе се создаде во домот. Следната причина е и можноста од избувнување пожар.

Кога со влажната или мокра гардероба ќе ја прекриете површината на радијаторот може да дојде до непосакувана кондензација. Тоа доведува до појава на мувла или влага.

Кога радијаторите се блокирани со алишта се блокира нормалната циркулација на воздухот во домот. На вашето домаќинство во тој случај може да му биде потребна повеќе енергија за да се загрее.

Иако можеби звучи чудно, сепак ако веќе сушите мокри алишта на радијаторите, би требало да отворите прозорец за вишокот влага да излезе.

Ако се работи за чувствителна ткаенина треба да знаете дека таа може да се запали.

Извор: Курир.мк