Радио Милева
често се сеќава

Александра Пријовиќ откри непознати детали од нејзиното детство: „Еден ќотек ќе го паметам за цел живот“

Александра Пријовиќ откри непознати детали од нејзиното детство: „Еден ќотек ќе го паметам за цел живот“

Пејачката Александра Пријовиќ откри дека владее новогодишна еуфорија во нејзинот дом на Бежаниска коса.

Без оглед на тоа што претходната година беше многу тешка поради ситуацијата со пандемијата со коронавирусот, но и поради тоа што починаа познати личности, Александра вели дека ќе ја памети само по убави работи.

Во разговор за „Гранд“, таа се потсети на своето детство и откри непознати детали од животот како  и тоа дека цел живот ќе го памети ќотекот кој го добила од неговата мајка.

-Многу ги сакам празниците, веќе ја накитив елката. Можеби многу рано, но во декември имам многу обврски, па нема да можам. Претходната година ќе ја паметам по времето кое го поминав со синот бидејќи поради целата ситуација доста време поминав во домот и тоа ми беше најубаво за време на короната. Тој секој ден зборува за Дедо Мраз и Нова Година, едвај чека подарок и секој ден гледа под елката“, вели Александра.

Бидејќи нејзините родители се разведени, таа како дете живеела на две адреси, но откри и една ситуација која цел живот ќе ја памети.

-Кога бев мала, не и персирав на една пријателка на мајка ми, се сеќавам дека добив ќотек, не беше страшно, но викаше на мене, на тоа често се сеќавам. После тоа, никогаш повеќе на некој повозрасен не се обратив со „ти“, а тоа го правам и денес кога ќе запознам со некој. Тоа би сакала да го научам и мојот син“, вели Прија за „Гранд онлајн“.

фото: принтскрин/инстаграм/александра пријовиќ

Останати вести од Радио Милева