Радио Милева
исрекна

Aлександра Пријовиќ: „Лепа Брена не ми е свекрва, спотовите и песните сама ги финансирам“

Aлександра Пријовиќ: „Лепа Брена не ми е свекрва, спотовите и песните сама ги финансирам“

Александра Пријовиќ веќе неколку години ужива во брак со посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ.

Во медиумите често знае да се пишува за односот меѓу Брена и Прија и тоа дека наводно се во лоши односи.

Александра неодамна изјави дека не се чувствува убаво кога се пишува дека постигнала успех благодарение на Брена и Филип.

„На моите колешки поголем проблем им е мојот брак отколку мојата кариера. Мислам дека многумина може да ми го простат успехот, но никогаш нема да ми простат тоа што се омажив за него. Некогаш испаѓа дека немаше да успеам без Брена и Филип. Акцентот секогаш е на нив без оглед на тоа што песните и спотовите сама ги финансирам“, изјави Александра Пријовиќ.

Во разговор за „IDJTV“ , пејачката изјави дека Брена не и е свекрва.

-Морам да кажам дека Брена не ми е свекрва, туку мајката на Филип, Зорана, истакна Александра.

Ова изјава покрена шпекулации дека Александра и Пријовиќ не се во добри односи, но Пријовиќ стави крај на гласините.

=Брена е една прекрасна личност и е многу добар човек“ изјави Александра и истакна дека со Брена и Боба има прекрасен однос.

фото: Stock/Časlav Vukojičić/александра пријовиќ/andreja damjanovic/hello magazin

 

Останати вести од Радио Милева