Радио Милева
Со повод или случајно?

Александра Накова како Анџелина Џоли во Лара Крофт издание кое за многумина е повеќе од успешно (фото)

Александра Накова како Анџелина Џоли во Лара Крофт издание кое за многумина е повеќе од успешно (фото)
фото:александра накова/инстаграм/принтскрин/ @[email protected]_lamas @moestudiodadar

Некогашната македонска манекенка, топ модел, ријалити учесничка, трендсетерка, за некои и најпозната македонска старлета, Александра Накова е од оние што или премногу се активни на социјалните мрежи или се стваат на пауза на одредено време, поради икс-прчини или да бидат поинтересни кога ќе се огласат.

Накова периодов и не беше многу активна откако се појавија приказните дека се инфицирала со коронавирус, што таа негираше,но сега реши да му се врати на Инсатаграм и тоа во поинакво светло.

Меѓу последните објави таа најчесто е во Скопје, а од салонот за убавина на Дадар покажа дека ја сменила бојата на косата и преминала во редот на русокоси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Nakova (@nakovaaleksandra__official) on

Но, пред да ја направи промената, Накова се решила да го овековечи моментот додека е црнка и тоа во издание на Лара Крофт, односно ликот од филмот „Томб Рајдер“ со Анџелина Џоли и истоимената видео игра.

Облечена во црни куси панталончиња и топ, дополнети со ремени, Накова ја истакна својата витка фигура, особено долгите и тенки нозе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Nakova (@nakovaaleksandra__official) on

Следбениците и порачаа дека трансформацијата и е повеќе од одлична. До „Ноќта на вештерките“ на 31-ви октомври има само еден ден, но Накова очигледно сака да биде пред сите со идејата за маскирање, ако воопшто поводот беше тој или чиста случајност со „Халоувин“.

Останати вести од Радио Милева