Радио Милева
брокула и чорба

Александра Накова не е само на овошје, салати и вода: За да нема збрка, атрактивната убавица покажа дека и чорба се крка! (ФОТО) 

Александра Накова не е само на овошје, салати и вода: За да нема збрка, атрактивната убавица покажа дека и чорба се крка! (ФОТО) 

Александра Накова, според многумина, една од најзгодните македонски топ модели и веројатно најзгодната газдарица на една продавница за облека во Македонија.

Дека нејзиниот телесен раскош е навистина супериорен, познато е уште од времето кога се појави…Она што мајката природа и го подарила, гевгелиската убавица подоцна го надградила со помош на естетската хирургија, за денес Накова да изгледа во најмала рака како силиконските убавици од соседството, а можеби и „рамо до рамо“ со оние од „малку посеверно“!

Атрактивната гевгеличанка речиси секоја сезона меѓу првите ја отвора истата, кога е летото во прашање. И тоа најчесто уште летото и пред да дојде. Ако не на море и езеро, тогаш на некој од нејзините омилени базени. сами или во друштво на некоја од своите верни пријателки убавцита во бикини ги споделува раскошните телесни убавини.

Витата манекенска става, долгите тенки нозе, бујните силиконски гради, убавата заоблена задница… ја прават расната гевгеличанка да биде „секси кралица“ на привлечноста каде и да се појави.

Гевгелиската убавица викендов се прошета до Дојран, кој и е на чекор од дома во комшии. Убавините на дојранското крајбрежје  ги сподели на тој начин што го искористи убавото време уште малку да се исонча, да го искористи денот за да го подготви тенот за она главното летово што доаѓа.

Но она што најчесто многумина мажи и особено претставнички од понежниот пол  како прашање сои го поставуваат, е што тоа ваквите убавици обедуваат? Што и колку јадат, што пијат, што смеат што несмеат, за вака добро да изгледаат?

Веројатно секоја си има има некаков свој режим, но ако помисливте дека Накова е само на овошје, салати и вода, мора да сте во тешка заблуда!

Имено Накова, на својите Инстаграм приказни споделила една интересна фотографија на која се гледа кафеанска маса и на неа полна чинија… со дојранска чорба! Рибја, телешка или шкембе, остана нејасно, ама затоа е повеќе од јасно оноа, дека манекенките и топ моделите се само на „марула и брокула“ е обична флоскула! „Уметница мора бити здрава“, ама тоа не значи дека мора да биде само „на трава“ и дека ништо друго не смее да проба, па дури и чорба? Затоа, за да нема збрка, атрактивната убавица покажа дека и чорба се крка!

До душа, навиките за здрав живот треба да се негуваат од мали нозе,  а и ако сакаш да тргнеш по стапките на мама, уште од малечка треба да јадеш здрава храна!  Таа лекција ќеркичката на Накова добро ја нучила , па затоа за неа, оброкот се состои од салата од брокула.

Фото: Инстаграм принтскрин/nakovaaleksandra__official

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева