Промотер

Александра Јанева иако неодамна кажа „да“, повеќе сака да е сама – “Одвреме – навреме“ (ВИДЕО)

Александра Јанева иако неодамна кажа „да“, повеќе сака да е сама – “Одвреме – навреме“ (ВИДЕО)

Иако денот не беше воопшто погоден за било какви музички настани и промоции, во неделата на 3-ти декември 2023 на својот Јутјуб канал македонската пејачка Александра Јанева ја промовираше својата најнова песна „Одвреме – навреме” со видео спот за истата.

Музиката и аранжманот се на проверениот македонски композитор , продуцент и аранжер, хитмејкерот  Лазар Цветковски, додека стиховите за песната ги напишаа Лазар и Александра.

Видеоспотот е снимен во Италија, а истиот го потпишува самата струмичанка , додека во реализацијата и помогнал Горан Симјановски.

„Ова е првото видео кое го снимив сама, со телефон и gimbal. Непосредно пред да заминам на патување ја поставивме песната во студио и не можев да престанам да ја слушам! Па си реков, зошто да не ја снимам мојата најсвежа реакција во преубавата Италија. Се надевам дека ќе ви се допадне!” – напиша Александра на социјалните мрежи постирајќи го најновото видео.

„Одвреме -навреме“ и нејзината визуелизација проследете ги во видото во продолжение:

Останати вести од Промотер