Мегафон

Александар Јовевски го промовира солистичкиот албум ,,Од колено на колено” во МКЦ

Александар Јовевски го промовира солистичкиот албум ,,Од колено на колено” во МКЦ

Во понеделник, 12 декември, со почеток во 19 часот, во кино Фросина (МКЦ) ќе се одржи промоција на новиот солистички албум на Александар Јовевски,,Од колено на колено. На овој музички етно проект (албум) базата е македонскиот фолклортрадиција и идентитет, и е проект од национален интерес во културата.

Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструментикавал, тамбура, канон, женски вокалигудачи, гитари и е збогатено со клавијатури. На албумот ,,Од колено на колено се застапени 4 обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај Никола, Изникнало криво крувче, Сношти го видов мамо мори убавото Стојне, Ајде мала Стана болна лега, меѓутоа има и авторска музика, 6 авторски композиции творени во духот на македонската традиција но со нов музички израз и тоа : Tамбурски вез, Кавал гали, Игра на инструментите, Длабочина, ЈовАнина и Александров танц.

„И покрај тоа што сум музички лидер на етно составот ‘Монистра’ и сум дел од речиси сите етно проекти во државата, со овој мој нов проект сакам да придонесам со уште еден квалитетен музички бисер и музички материјал, за претставување на нашата македонска песна и оро во државата но и надвор од неа и претставување на народните инструменти кавал, тамбура, канон. Се радувам на промоцијата и со нетрпение чекам јавноста да го слушне мојот најнов проект, вели Александар Јовевски.

Албумот ,,Од колено на колено.  е уште еден нов музички проект во светски размери, со нова модерна музичка нишка, кој ќе создаде една убава енергија и повеќе слушање на македонска музика и испирација за помладите генерации се повеќе да ја негуваат, сакаат и слушаат истата.