Мегафон

Актерот Зоран Љутков ја доби наградата за најдобра машка улога на Фестивалот на античка драма „Стоби“

Актерот Зоран Љутков ја доби наградата за најдобра машка улога на Фестивалот на античка драма „Стоби“

Наградата за најдобра машка улога на 18. по ред издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, му е доделена на актерот Зоран Љутков за улогата на Силен во сатирска игра во режија на Деан Дамјановски во претставата „Орестија”.

Претставата е копродукција на велешкиот Народен театар „Ј Х К-Џинот” и Националната опера и балет.

Како што се вели во образложението на жири комисијата на фестивалот, Зоран Љутков во улогата на Силен се карактеризира со суверено и зрело мајсторство во сите сегменти на ликот реализирани прецизни актерски, пејачки и танцови партитури низ кои со неверојатна леснотија се претставени психоемотивните нијанси од драматичното во комичното со што неговиот лик несомнено станува актерски столб на целокупната театрологија „Орестија”.