Радио Милева
наводно се самоубил

Актерот Џејсон Дејвид Френк попознат како зелениот „Моќен ренџер“ почина наа 49 годишна возраст

Актерот Џејсон Дејвид Френк попознат како зелениот „Моќен ренџер“ почина наа 49 годишна возраст

Актерот Џејсон Дејвид Френк, кој го играше зелениот Power Ranger во популарната телевизиска серија од 90-тите, почина на 49-годишна возраст.

-За жал, тоа е вистина. Ве молиме почитувајте ја приватноста на неговото семејство и пријателите во овој ужасен период кога се помируваме со загубата на толку прекрасно човечко суштество. Тој многу го сакаше своето семејство, пријателите и обожавателите. Навистина ќе ни недостасува, изјави претставникот на актерот.

Светските медиуми, неофицијално пишуваат дека актерот извршил самоубиство. Тој зад себе ги остави своите четири деца, синовите Хантер и Џејкоб и ќерките Скај и Џена.

Френк беше најпознат како Томи Оливер во оригиналната франшиза Mighty Morphin Power Rangers, која траеше од 1993 до 1996 година, а исто така глумеше и во други проекти на Power Rangers, вклучувајќи ги Power Rangers Zeo, Turbo и Dino Thunder.

фото: Инстаграм

Останати вести од Радио Милева