Радио Милева
дупли малер...

Актерката Весна Пеќанац доживеала двојна несреќа: Ја удрил автомобил, има скршено пет ребра, а во болница и нашле и дека има Ковид! (ФОТО)

Актерката Весна Пеќанац доживеала двојна несреќа: Ја удрил автомобил, има скршено пет ребра, а во болница и нашле и дека има Ковид! (ФОТО)

Актерката Весна Пеќанац, која е запаметена по улогите во филмовите „Чудо невидено“, „Убавината на порокот“, „Во името на народот“, „Бештии“ и по ликот на Јека во серијата „Ѓекна се’ уште не умрела, а кога ќе умре – незнаеме “, доживеала двојна несреќа несреќа.

Веста ја објави нејзиниот син Петар Николиќ на Фејсбук:

„Мајка ми вчера имаше сообраќајна несреќа. Ја удри автомобилот и и’ скрши пет ребра. Во Клиничкиот центар каде беше прегфрлена ни кажаа дека  таму и утврдиле и дека била позитивна за Ковид, а сега ја префрлаат така скршена во ковид центарот. Тоа значи дека нема да можам да ја посетам. Издржи, Веки“ – напишал тој.


Весна ги доби Петар и Лука во бракот со режисерот Живко Николиќ, и таа е една од првите славни личности на нашите простори која отворено зборуваше за нејзината борба со депресијата. Имено, кога ги загуби сопругот и родителите за кратко време и беше многу тешко. Не криеше дека не и беше лесно ниту со мала пензија од 7.000 динари, а во 2006 година медиумите пишуваа дека нејзиниот син физички ја малтретирал, по што завршил во засолниште за жртви на семејно насилство.

„Кутрата жена немаше излез и избега од дома. Нашла засолниште и дом во една невладина организација, што ја спасило од насилство прифаќајќи ја под нејзиниот покрив. Животниот пат на Весна стана многу тежок веднаш по смртта на Живко. Во осумдесеттите години, Пеќанац отиде во Америка со своите синови и сопругот. Кога пристигнаа во Холивуд, видоа дека таму нема место за нив. Тргнаа назад кон Југославија и отидоа во Црна Гора, каде Живко почина во 2001 година. По смртта на нејзиниот сопруг, актерката се врати во Белград со синовите поради нивното школување. Тогаш започнаа нејзините маки, кои завршија во засолниште за жртви на насилство“ – изјави тогаш извор близок до актерката за Прес. Весна никогаш не сакаше да зборува за овие тврдења.

Останати вести од Радио Милева