Љубов и Секс

Ако почнавте нова врска применете ги овие 6 работи и момчето ќе ви „јаде од рака“

Ако почнавте нова врска применете ги овие 6 работи и момчето ќе ви „јаде од рака“

Кога ќе почнете да излегувате со некого, постојат неколку работи кои нема да ви бидат проблем, а со кои би можеле да ја „купите“ својата „друга половина“.

Понекогаш вие први јавете се или пишете порака
Мажите знаат дека треба да ве бркаат, но во свет полн со толку многу опции, убаво е кога ќе покажете вистински интерес за нив. Испраќањето на едноставна порака прашувајќи како им поминал денот ќе ве доведе до врвот на нивната листа.

Поставувајте прашања
Ова изгледа едноставно. Тоа се вика разговор! Не би поверувале колку момци се жалат на тоа колку малку се интересираат жените за нив за време на состаноците. Уметноста на разговорот е огромна и ќе ве држи во играта многу подолго.

Заинтересирајте се за работите што ги сака
Без разлика дали тоа е спортски тим, активност или нивниот нов омилен бенд, треба да се интересирате за нивните интереси. Нека зборува за својот омилен фудбалер, дури и ако не ви се допаѓа тој тим (или спортот воопшто).

Тој само сака некогаш да го ислушате, како што тој мора да слуша приказна за ќерката на братучедот на вашиот пријател.

Испланирајте состанок
Постои голем притисок врз мажите да планираат состаноци кои се интересни, забавни и креативни. Убаво е тоа што понекогаш да ја преземете иницијативата и да го запознаете со вашите омилени работи или заедно да пробате нешто сосема ново.

Испратете фотографија (или две)
Дали се подготвивте да излезете во град со вашите другарки или видовте бонбони во продавницата што му се допаѓаат? Испратете му фотографија некогаш, ќе му биде интересно.

Не користете го телефонот на маса, за време на вечерата
Кога првпат ќе започнете да излегувате со некого, го сакате неговото неподелено внимание. Вашиот Инстаграм може да почека, дами. Оставете го телефонот во чантата и вадете го само кога одите во тоалет.

Исполнете ги овие очекувања и ќе бидете некој што тој сака да го задржи, пренесува „YourTango“.

извор:попара.мк