Радио Милева
шпекулации

Ако има ќерка ќе се вика Лондон, а тајна е како ќе се вика ако има момче: Парис Хилтон се огласи по написите дека е бремена

Ако има ќерка ќе се вика Лондон, а тајна е како ќе се вика ако има момче: Парис Хилтон се огласи по написите дека е бремена

Парис Хилтон, наследничката на милионската империја и нејзиниот вереник Картер Реум, наводно го очекуваат првото дете.

Двојката веќе подолго време работи на проширување на семејството, а Парис на почетокот на оваа година откри дека во јануари била на инвитро оплодување.

Странските медиуми сношти пишуваа дека Парис Хилтон е бремена и дека наскоро ќе се реализира во улогата на мајка.

Оваа вест се најде се прошири низ инетрнет, а сега богатата милионерка се огласи и ги демантираше пишувањата дека е во блажена состојба.

„Не сум бремена, не сум се уште“ изјави Парис и додаде: „Чекам да помине венчавката. Моментално ми се шие венчаницата и сакам да сум сигурна дека ќе изгледам прекрасно и дека ќе ми стои совршено“.

Хилтон не е сигурна како започнале гласините дека е бремена.

„Претпоставувам дека гласините започнале поради мојот push – up градник „Парис Хилтон“ од мојата нова линија за долна облека. Го носев на вечера со свршеникот. Претпоставувам дека ме фотографирале, објавиле фотографии и сега некој добро известен извор тврди дека Парис Хилтон е бремена“, вели таа и додава дека е навикната на вакви шпекулации.

„Тие гласини дефинитивно не се вистина“, вели Парис и додава дека едвај чека да има деца.

Како што истакна, се надева дека следната година ќе стане мајка, а нејзината ќерка ќе се вика Лондон, додека синот ќе добие име по друг град или држава.

фото: Профимедиа

Останати вести од Радио Милева