Љубов и Секс

Акција на прв дејт: Еве колкави се шансите да ви се јави ако сте интимни првата вечер

Акција на прв дејт: Еве колкави се шансите да ви се јави ако сте интимни првата вечер

Мислењата за сексот на прв состанок се многу спротивставени – додека некои не гледаат ништо лошо во тоа ако двете страни го сакаат тоа, други тврдат дека тоа ѝ дава до знаење на другата страна дека не сакате ништо повеќе од физичка врска.

Сепак, новото интересно истражување на 2.000 возрасни Британци откри нешто сосема неочекувано. Откриено е дека сексот на првиот состанок води до 52 отсто поголеми шанси за долготрајна врска која трае две години или подолго.

„Чекањето“ до вториот состанок дава околу 15 отсто шанси за долга врска, покажа истражувањето, додека на третиот состанок шансите се намалуваат на 13 отсто.

Паровите кои чекаат еден месец пред да имаат секс имаат само пет проценти шанси да останат во долга врска, а по два месеци шансите се намалуваат на само два проценти. Прв однос по три месеци врска сепак малку ги зголемува шансите за долга врска, на само 3%.

Ако поминат четири или повеќе месеци пред парот да одлучи за првиот секс, тогаш шансите за долготрајна врска се само два отсто, а ако истраете цела година пред да станете интимни во оваа смисла, шансите ќе се зголемат на осум проценти.

Ова необично истражување покажа дека сексот на првиот состанок не мора да ги уништува шансите за долга врска, како што многумина мислат.

Но, без разлика што покажува истражувањето, единствено „правилно“ е да имате односи со партнерот кога и двајцата тоа го сакате.