Радио Милева
стана мајка по трети пат

Адријана Лима се породи тајно: Манекенката ја сподели првата слика од синот на кого му даде необично име (фото)

Адријана Лима се породи тајно: Манекенката ја сподели првата слика од синот на кого му даде необично име (фото)

Една од најубавите жени на светот Адријана Лима повторно стана мајка, пренесуваат светските медиуми.

Манекенката роди момче  на кого му даде  необично име. Како што пренесува „Daily Mail“, Лима се породила на 28 август.

Среќната вест ја потврди и Адријана на својот Инстаграм профил, споделувајќи фотографија од окото на бебето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima)

„Цијан е бојата помеѓу зеленото и синото на видливиот спектар на светлината. Цијан е бојата на водата на Бора Бора и Малдивите, места каде што сака да оди нашето семејство. Цијанот сега е нашата омилена боја, бојата на очите на нашето момче. Добредојдовте во нашиот свет, Цилјан Лима Лемарс“, напиша Адријана.

Извор близок до манекенката изјави за списанието „People“ дека „мама и бебето се дома и здрави“, додавајќи дека веќе може да се каже дека Цијан личи на мајка му.

Ова е трето дете на манекенката.  Да потсетиме, Лима има две ќерки, Валентина (12) и Сијена (9) од бракот со Марко Јариќ.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/adrianalima/Профимедиа

 

Останати вести од Радио Милева