Радио Милева
си ја отвори душата

Адел првпат проговори за разводот: „Си заминав бидејќи повеќе не се чувствував добро“

Адел првпат проговори за разводот: „Си заминав бидејќи повеќе не се чувствував добро“

Адел во интервју за „Вог“ проговори за губењето на килограми, разводот од Симон Конечки, но и љубовта со Рич Паул.

Пејачката во последните две години изгуби дури 45 килограми, а во интервјуто истакна дека тоа не и било примарна цел.

„Се работеше за анксиозност. Се чувствував подобро после вежбање. Не ми беше целта да ослабам, сакав да станам силна, но и да поминам некој дел од денот, а да не сум на мобилен бидејќи станав зависна од него. Вежбам два или три пати во денот“; вели пејачката.

Адел проговори за разводот од Симон Конечки со кој беше во брак три години.

„Имав 30 години и животот ми се распаѓаше.Си заминав бидејќи веќе не се чувствував добро. Не сакав да завршам како многу луѓе кои ги познавам. Не бев несреќна, но се чувствуваш лошо бидејќи себе не ставав на прво место. Ништо не се случи“ изјави Адел,

Таа призна дека воопшто не било лесно.

„Се чувствував посрамотено, многу посрамотено. Поради не успеав да профункционирам. Ги учам жените да продолжат од мали нозе. Во тоа време срцето ми беше скршено, но сега тоа ми изгледа забавно, како не учеа да трпиме“, вели пејачката.

За новото момче Рич Паул вели дека е многу забавен.

„Се однесува многу внимателно, па така ми е гајле кој ќе знае за нас.Прекрасен е, забавен, паметен“, вели пејачката.

фото: профимедиа

Останати вести од Радио Милева