Љубов и Секс

6 знаци кои ќе ви укажат на тоа дека вашиот партнер е претерано љубоморен

6 знаци кои ќе ви укажат на тоа дека вашиот партнер е претерано љубоморен

Љубомората во врската може да биде чест проблем. Во продолжение откријте ги знаците на претерана љубомора за да можете да ја препознаете и да разговарате со партнерот пред таа да прерасне во многу посериозен проблем и да му наштети на вашиот однос.

1. Партнерот постојано ве прашува каде сте

Сосема во ред е кога вашиот партнер ве прашува какви планови имате после работа со цел полесно да се организира со превоз, ручек и други активности, но не е во ред кога постојано ве прашува каде и со кого сте. Неговата несигурност не треба да влијае врз вашиот живот.

2. Партнерот ги поставува правилата на врската

Сите правила што ги следите во врската ги поставува вашата друга половина. Но, од друга страна, за него не важат истите правила. Зошто тогаш само вие да бидете ограничени?

3. Не е дозволен контакт со пријателите од спротивниот пол

Вашиот партнер не ги одобрува контактите со вашите пријатели и ви го кажува тоа јасно. Исто така, средбата со некој од нив честопати е причина за расправија помеѓу вас и вашиот партнер. Тој сака да се откажете од вашите пријатели бидејќи смета дека само тој ви е доволен и дека не ви треба никој друг. Зарем навистина ќе прекинете секаков контакт со старите другари затоа што вашиот партнер не ви верува?

4. Чувствувате вина

Се чувствувате виновни секогаш кога ќе излезете на пијачка со пријателите наместо да ја поминете вечерта со партнерот. Од друга страна, кога земате слободни денови од работа за да отпатувате некаде заедно, партнерот не може да се вклопи во вашиот распоред… Сигурни сте дека сакате ваков живот во кој постојано се чувствувате виновни за секоја одлука и постапка, дури и ако ништо лошо не сте сториле?

5. Партнерот постојано ве контролира

Кога станува збор за безбедност, таквото однесување од страна на партнерот може да биде знак на грижа и внимание. Но, тоа не важи за ситуацијата кога ќе се појави ненајавен кај вас под изговор дека имал работа во близина, а всушност сака само да провери дали сте дома како што претходно сте му кажале. Друга ситуација би била постојано да ви пишува пораки додека сте со пријателите и да се чувствува навредено ако не му одговорите.

6. Постојано ги спомнува вашите поранешни партнери

Дури и ако одамна сте прекинале секаков контакт со поранешните партнери, се чини дека партнерот секогаш ве потсетува на нив. Ве прашува какви биле, што убаво направиле за вас… Можеби дури и ќе почне да ве обвинува дека сè уште негувате чувства кон некого од нив. Не дозволувајте врските од минатото да влијаат на вашиот сегашен емотивен живот, особено не на овој начин.

извор: Кафепауза.мк