Љубов и Секс

6 неверојатни работи кои можат да ви се случат после доживување на оргазам

6 неверојатни работи кои можат да ви се случат после доживување на оргазам

За повеќето луѓе оргазам е пријатен и предвидлив. Луѓето точно знаат што можат да очекуваат од него. Меѓутоа, понекогаш можат да се случат некои неочекувани работи, како ненадејна главоболка, кивање или плачење.

Причините за некои од овие феномени сè уште се мистерија, бидејќи не постојат многу информации за оргазми, а податоците што научниците ги имаат се базираат на малку истражувања.

Ова се неколку неверојатни работи кои можат да ви се случат после доживување на оргазам:

1. Главоболка

Експлозија на задоволство, а потоа болка. Нема полошо. Главоболките по оргазмот се почести кај мажите и кај оние кои страдаат од мигрена. Повеќето од овие главоболки траат само неколку минути, но можат да потраат и неколку часа, дури и денови.

Додека некои зборуваат за тапа болка, која се зголемува за време на сексуалната возбуда, повеќето луѓе пријавуваат тешка и ненадејна главоболка пред или за време на оргазам.

2. Плачење

Постојат емоции кои нè исполнуваат со толкава среќа што плачеме. Но плачење после секс може да биде поврзано со ослободување на тензии. Постигнување на оргазам е еднакво на целосно празнење и ослободување од акумулирана тензија.

Експертите не се сосема сигурни зошто се случува ова, но велат дека не се работи за нешто неочекувано, со оглед на психолошките и физиолошките промени кои се појавуваат за време на сексот. Ова не е ретка појава.

Ова е познато како посткоитална дисфорија. Голем број луѓе се чувствуваат тажно после оргазмот, велат експертите.

3. Тотална еуфорија

Не е тајна дека оргазмите се одлични. Но за голем број луѓе ова чувство на среќа, добро расположение и задоволство е особено силно. Научниците не се сосема сигурни зошто некои луѓе чувствуваат таква еуфорија.

4. Кивање

Експертите веруваат дека ова може да се поврзе со нервите во автономниот нервен систем одговорен за рефлексите поврзани со кивање и сексуалната возбуда.

5. Тресење на нозете

На некои жени можат да им се тресат нозете после оргазмот. Имено, за време на оргазмот се зголемува тензијата околу мускулите.

6.Чувство на малаксаност, како пред настинка

Ова е ретка состојба во која мажите по ејакулација имаат симптоми слични на грип, како што е зголемена температура, замор и затнат нос.

Не постојат многу податоци за оваа состојба, но некои научници веруваат дека може да биде поврзана со автоимуните нарушувања или алергии.

Останати вести од Љубов и Секс