Љубов и Секс

5 начини како да ја расположите жената за секс

5 начини како да ја расположите жената за секс

Дури и кога не ѝ е дојдено до секс, исцрпена е од домашните обврски и работата, постојат решенија кои 100% делуваат.

Ако често се случува вашата партнерка да не е расположена за секс, можеби е време да ги примените овие корисни совети.

1. Водете љубов почесто

На женското либидо многу влијае колку често има секс. Правилото е колку повеќе секс, толку повеќе ќе го сака. Она во што мажите грешат е форсирањето на секс во облик на очекувања или вршење на должност.

2. Бидете романтични

Жените често се расположуваат за секс кога ќе доживеат мала доза романтика од партнерот. Изненадете ја по напорниот ден со романтична вечера на која ќе и дадете до знаење колку многу ја цените за се што прави за вас.

Жените сакаат да се забележи тоа што го прават, а факт е дека нејзиниот партнер е свесен колку е привлечна.

3. Делете комплименти

Немојте да ја потценувате вредноста на искрениот комплимент, како и чувствата кои ги создава кај жената. Рано наутро шепнете и колку е прекрасна, колку е секси. Во ситуација кога се подготвува за некоја средба или настан истакнете дека за вас таа е најубавата жена во светот. Тоа ќе делува како афродизијак, бидејќи колку повеќе жената се чувствува секси толку е поголемо либидото.

4. Не бидете предвидливи

Рутината и предвидливоста во сексот се најчестите причини поради кои се намалува сексуалното задоволство. Треба малку повнимателен пристап со нови идеи и постепено воведување промени.

5. Сексуалните фантазии се закон

Жените сакаат сексуални фантазии за маж кој ќе ја покаже неговата желба колку ги посакува, популарноста на „50 Shades of Gray“ го докажа тоа, без разлика какви критики доби книгата. Жената сака да фантазира, сака страст со партнер на кој ќе му биде тешко да се контролира и ќе покаже колку всушност ја посакува.

извор: Кајгана