Вистаграм

5 модерни фризури што ќе сакате да ги пробате ова лето

5 модерни фризури што ќе сакате да ги пробате ова лето

Оваа сезона, експертите за убавина велат дека во тренд ќе биде средна должина на косата, а во продолжение погледнете кои фризури ќе бидат најпопуларни ова лето.

1. Исфениран боб

Следејќи го примерот на Французинките, фризурата боб стана избор на трендсетерките ширум светот. Најпрво беше кратка, но сега доби подолга, понежна и помодерна верзија, која одговара на секоја форма на лице.

2. Брановидни прамени со шишки

Брановите се синоним за летото, а колку се посуптилни, толку се помодерни. Ако копнеете по драстична промена, направете шишки.

3. Ниска пунџа

Ова е фризура што може да се носи на работа, на тренинг или на елегантна вечера. Комбинирајте ја со нежна, природна шминка што ја нагласува природната убавина на вашето лице.

4. Афро фризура

Оваа фризура е водечки тренд меѓу милениумците, но не правете ја често за да не ја оштетите косата трајно.

5. Опуштено права коса

Оваа сезона нема прекумерно и перфекционистичко исправање на косата бидејќи треба да се зачуваат волуменот и опуштениот изглед.

извор: кафепауза.мк