Живот и Стил

5 модели на капути во зелена боја кои се модерни оваа зима

5 модели на капути во зелена боја кои се модерни оваа зима

Војничкиот стил е секогаш привлечен, а модните експерти велат дека со помош на мали новитети кои од година во година се воведуваат во овој начин на облекување, се постигнува одличен ефект, за да не излезат од тренд.

Оваа година вака дизајнираните палта се особено популарни и модерни и поради бојата и поради моделите кои се погодни за комбинирање.

1. Зелено елегантно палто

Акцентот е ставен на половината и високата јака која ја истакнува романтичната силуета.

2. Кратко за спортска елеганција

Кратко палто оди одлично со рамни кратки чизми и мини здолниште.

3. Модел на војнички тренч капут

За оние кои сакаат атрактивни детали, овој модел на капут можете да го збогатите со црвени детали.

4. Капут со крзно

Гламурозната крзнена јака ќе му даде елегантеб изглед на војничкиот капут.

5. Минималистички стил

Едноставен, широк модел на капут е одличен избор за оние кои сакаат минималистички комбинации во облеката.

извор: Попара.мк

Останати вести од Живот и Стил