Љубов и Секс

3 знаци кои покажуваат дека вашиот партнер ве контролира

3 знаци кои покажуваат дека вашиот партнер ве контролира

Ова се три јасни знаци дека вашиот партнер ве контролира и дека треба да ја вратите моќта и контролата над својот живот, а не да дозволувате тој да ви го контролира.

Здравата врска се основа на еднаквост.

Тој не ве поддржува
Човекот којшто е несигурен во себе, нема да ве поддржи во ништо. Тој на сите начини ќе се обиде да ви ја уништи самодовербата и да ве посрамоти, доколку на пример се запишете на курс или пак се вратите на факултет да го завршите. Нему му е важно во секој поглед да биде подобар од вас. Тоа го храни.

Ви кажува што да правите со своето тело
Без оглед на тоа дали сугерира што треба да јадете, постојано ви зборува дека мора да ослабнете, спречува да си направите нова фризура, тој очигледно има сериозни проблеми. Ништо од тоа не треба да ве интересира. Вашето тело е ваша работа.

Ве критикува за сè што правите
Често ве критикува, ништо не правите како што треба – според него. Често овие критики доаѓаат под маската „тој го сака само најдоброто за вас“. Тоа оди толку далеку што можеби се обидува да ве научи како правилно да ја држите виљушката или пак нешто слично. На овој начин се обидува да ви наметне контрола.

извор:точка.ком.мк