Љубов и Секс

3 типови на жени со кои поголем дел од мажите не сакаат да бидат во љубовна врска – еве зошто е тоа така

3 типови на жени со кои поголем дел од мажите не сакаат да бидат во љубовна врска – еве зошто е тоа така

Постојат жени чиј карактер и однесување им се одбивни на мажите.

Машко-женските односи со векови се неисцрпна тема, па поради тоа често ќе ја слушнете изреката дека жените се од Венера, а мажите од Марс, затоа што факт е дека не можат едни без други.

Но, постојат типови на жени од кои мажите бегаат:

1. Премногу таинствени жени

Мажите се плашат од жени кои делуваат премногу мистериозно. Доколку се случи тие да не се јават и до неколку дена, без никакво објаснување, а потоа ќе се појават како ништо да не се случило, ниту мажите со најмногу самодоверба тоа нема да можат да го прифатат.

2. Жени со преголеми барања и очекувања

Постојат жени кои никогаш не можете целосно да ги задоволите или да ги направите среќни. Сите можни одговорности ќе се обидат да ги префрлат на партнерот и ќе бараат од него објаснување за своите лоши постапки. Настојувањето некој секогаш да биде среќен, секогаш да ги следите неговите правила и барања е невозможна работа. Поради тоа мажите од таквиот тип на жени бегаат.

3. Емоционално нестабилни жени

Таквиот тип на жени е токсичен, тие ја црпат позитивната енергија и уживаат во скандалите. Во еден момент можат да се расплачат, а после неколку минути ќе се прават како ништо да не се случило.

Многу е тешко да имате стабилен и долгорочен однос со такви личности, па јасно е зошто мажите ги избегнуваат тие жени.

извор: точка.мк