Љубов и Секс

3 тактики што ги користат паровите кои никогаш не изневеруваат: Како да им одолеете на искушенијата

3 тактики што ги користат паровите кои никогаш не изневеруваат: Како да им одолеете на искушенијата

Пред сè, потребно е да се дефинира што значи измама

Невозможно е да се предвиди дали ќе бидете жртва на прељуба во врската, но постојат стратегии кои вие и вашиот партнер можете да ги усвоите за да ја спречите, вели Лусија О’Саливан, професорка по психологија на Универзитетот Њу Бранзвик која ја проучува моногамијата.

Таа откри три стратегии кои успешно ги користат моногамните парови за да останат верни во бракот. Иако овие техники можат да помогнат, таа истакна дека нејзиното истражување покажало дека луѓето обично не зборуваат за тоа што значи „прељуба“ кога влегуваат во нова врска.

Имено, секој има различен начин на размислување за тоа што значи измама, но тоа подоцна доведува до погрешни проблеми во комуникацијата и врските, тврди таа.

Немојте да се водите од инстинктите

За да престанете да изневерувате или како воопшто да не правите такво нешто, треба да препознаете и избегнете привлечност. По природа, луѓето секогаш се изложени на оние што им се привлечни.

Ако некој сака да биде моногамен, мора да избегнува да постапува според инстинктите, објасни О’Саливен.

Двојките обично користат три тактики

– Фокусирајте се на својот партнер, и на тоа колку е тој прекрасен, што значи доследно вложување во врската

– Се фокусираат на лошите страни кога се соочени со некој кого го сметаат за привлечен

– Размислуваат за последиците од измамата и што ќе изгубат доколку се неверни

Затоа О’Саливан открива дека оние кои успеваат да ја контролираат привлечноста што ја чувствуваат кон другите луѓе, остануваат верни.

-Едно е да се има симпатија, а друго е да се комуницира со неа, бидејќи комуникацијата ја отвора вратата за прељуба – објасни таа.

Ако се впуштите во флерт, поголема е веројатноста да изневерите

Затоа луѓето кои се во врска и флертуваат со друга личност, дури и суптилно, може да бидат во искушение да изневерат.

О’Саливан вели дека оние кои „талкаат“ и почнуваат почесто да поминуваат време со личност која им е привлечна, ја обезвреднуваат нивната постоечка моногамна врска.

Кога некој флертува во моногамна врска, вербално или на некој друг начин, тоа исто така ја отвора вратата за измама, вели О’Саливан.

Таа рече дека луѓето кои ја забележуваат оваа шема во себе, и сакаат да престанат, треба да станат свесни за своите мисли и постапки кои водат до моментот кога ќе почувствуваат потреба да направат нешто надвор од нивната врска. Со повеќе пракса, тие можат да применуваат стратегии за спречување на мамење и да се спречат да ја преминат границата.

извор: Попара.мк