Љубов и Секс

3 сексуални фантазии кои се почести и „понормални“ отколку што мислите

3 сексуални фантазии кои се почести и „понормални“ отколку што мислите

Постои причина зошто љубовните романи се милионска индустрија и зошто жените кои ги читаат овие книги „консумираат“ по една книга неделно, за разлика од читателите што читаат по пет книги годишно.

Постои и причина зошто „50 нијанси на сиво“ се продаде во повеќе од 120 милиони примероци и зошто е преведена на 52 јазици. Што е причината?

Едноставно кажано, жените се мислители во спалната соба.

Додека мажите можат лесно да се возбудат преку допир и претежно визуелни стимули, на жените им се потребни и други стимули. Она што на никој не му треба е чувство на срам и осудување.

Ова се 3 сексуални фантазии што не треба да се плашите затоа што ги имате:

Да бидете некој друг

Само затоа што во среќен брак, врска (или сте среќни самци) не значи дека не можете или не смеете да си дозволите играње на улоги.

Можеби ќе се чувствувате непријатно да „глумите“ некој друг во спалната соба и можеби ќе помислите дека на поинаков начин не можете да го возбудите вашиот партнер. Ова не е точно. Се работи за игра.

Замислете си дека сте некој друг, со други карактеристики, друг изглед, а истото нека го направи и вашиот партнер. Бидете креативни и зачинете го вашиот сексуален живот со нешто возбудливо.

Спаси ме!

Постои нешто сензуално во стереотипното сценарио „дама во неволја“. Затоа се напишани толку романтични романи на оваа тема.

Слободно можете да се занесете со вашата внатрешна „беспомошност“, подготвени да бидете спасени.

Секс во хотел

Што да се каже за секс во хотел. Поради некоја причина, ова звучи сензуално. Зошто? Па, секс во хотел отвора неколку сценарија: „како дојдовме овде“, или „повторно сме тука, после 25 години“.

Не го чувајте ова искуство само за хотели, истите мисли можат да ве забавуваат и дома.

Како и за сите пријатни работи, и за сексуалните фантазии е потребна пракса, концентрација и посветеност за да го испразниме умот и да го наполниме со возбудливи задоволства и креативно сензуални сценарија.

Останати вести од Љубов и Секс