Љубов и Секс

3 причини зошто мажите стануваат незаинтересирани за љубовната врска

3 причини зошто мажите стануваат незаинтересирани за љубовната врска

Ќе се согласите дека влегувањето во нова врска е едно од најубавите чувства на светот. Часови разговори, подароци, љубовни состаноци, сето ова и повеќе го прави почетокот на една убава љубовна врска.

Меѓутоа, често се случува еден од двајцата, а најчесто мажот, да се повлече од љубовна врска без причина.

– Како експерт за љубовни врски разговарам со мажи и жени кои се жртви на вообичаеното однесување кое предизвикува крај на врската – вели експертот за врски Клеј Ендрјус.

– Сепак, мажите се тие кои во повеќето случаи ја носат одлуката наеднаш да исчезнат од животот на партнерката.

Според експертите за врски, постојат три главни причини зошто мажите губат интерес за врски.

1. Брзо се заљубивте во него

Мажите сакаат да ја гледаат и да ја искусат својата подобра половина како награда за која треба да се борат. Тие ја гледаат жената што ќе ја изберат како свое достигнување.

Тие сакаат да имаат до себе жена која е самоуверена, која има свое мислење и која не е лесно да се освои. Така, мажите се повлекуваат кога жените стануваат премногу „лесни“ за освојување.

2. Мисли дека не може да ви го покаже своето вистинско лице

Следната причина зошто мажот губи интерес е затоа што не чувствува дека може да биде ранлив пред вас.

„Тоа често е предизвикано од високи очекувања, осудувачко однесување или некој друг начин на кој жените сакаат да го контролираат однесувањето на својот партнер“, објаснува Клеј.

3. Во неговиот живот се случуваат други работи

Друга причина зошто мажите губат интерес е затоа што едноставно имаат други приоритети во животот.

Работата, семејството, финансиската состојба се проблеми кои спаѓаат во оваа категорија. Мажот е фокусиран на она што е негов најголем приоритет во моментот, а можеби тоа не сте вие.

– Кога поминува низ тежок период, неговиот фокус природно ќе биде на она со што прво треба да се соочи – заклучува експертот за односи Клеј Ендрјус.

извор: Курир.мк