Живот и Стил

3 причини зошто е добро да јадете костени

3 причини зошто е добро да јадете костени

Со доаѓањето на есента, мирисот на печените костени се шири на улиците, потсетувајќи нè на топол дом и на вкусовите од детството. Покрај тоа што е поврзан со убави спомени, костенот е подарок од природата кој е многу здрав и хранлив. Припитомениот се користи во исхраната. Иако е јаткасто овошје, костенот содржи малку маснотии и главно се сложени јаглехидрати. Секако, тоа не значи дека станува збор за помалку здрава храна од, на пример, оревите или лешниците.

1. Извор на влакна

Само 10 печени костени ќе ви обезбедат 17% од дневната доза на влакна, кои се неопходни за здраво варење. Влакната кои се наоѓаат во растителната храна, како што се јаткастите плодови, имаат ефект на намалување на нивото на ЛДЛ (или „лошиот“) холестерол и помагаат во одржување на телесната тежина.

2. Стабилен извор на енергија

Бидејќи содржи сложени јаглехидрати, нашето тело полека ги вари, што му обезбедува стабилен извор на енергија. Храната богата со влакна и сложени јаглехидрати не го нарушува нивото на шеќер во крвта, туку ги намалува потенцијалните скокови на инсулин.

3. Го зајакнува имунолошкиот систем, крвните садови и коските

Покрај сложените јаглехидрати, костенот содржи и витамин Ц кој придонесува за зајакнување на имунолошкиот систем, но и крвните садови, формирање на ‘рскавица, мускули… Ги штити клетките од оксидативен стрес и помага во апсорпцијата и складирањето на железото.

Костенот содржи и бакар, кој игра важна улога во зачувувањето на крвните садови, нервите, имунолошкиот систем и коските. Десет печени костени обезбедуваат 21% од препорачаната дневна потреба за овој минерал.

извор:курир.мк