Хип-хоп, рап и ар-ен-би дуото „2 бона“ кое се појави за прв пат на музичката сцена во 2015 година, деновиве го претстави својот нов сингл насловен „Доволно“, кој доаѓа после минатогодишните „Премногу“ и „Би направил се’ “, во соработка со Слаткаристика.
Како автори на песната се потпишуваат самите членови на дуото, односно музиката е на Марко Јелиќ – Кун, а стиховите им се заеднички со Антонио Стојановски – Тонито, додека за миксот и мастерингот се погрижил Тракер. Сето тоа е во продукција на „Иноватива груп“ и „С.Б. Студио“ , а како звучи можете да слушнете во продолжение.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.