Мегафон

28 професори, театарски, филмски и музички уметници од балканската и европската култура го поддржуваат отворањето на филмски и музички студија во Скопје

28 професори, театарски, филмски и музички уметници од балканската и европската култура го поддржуваат отворањето на филмски и музички студија во Скопје

28 академски професори, театарски, филмски и музички уметници, амбасадори на македонската, српската, балканската и европската култура упатија отворено писмо до македонската Влада во кое изразуваат јавна подршка на проектот СТП/Стоунбриџ Студиос, со кое го поддржуваат отворањето на филмски и музички студија во Скопје.

Ние, долупотпишаните, академски професори, театарски, филмски и музички уметници, амбасадори на македонската, српската, балканската и европската култура, јавно ја поддржуваме македонската Влада да започне со реализација на проектот СТП и преку него, реализација на филмскиот град. Свесни дека од осамостојувањето до денес, оваа иницијатива претставува еден од највозбудливите и најперспективните предизвици за севкупен економски, културен и технолошки исчекор на македонското општество, сакаме да ја охрабриме Владата за брзо и неодложно остварување на проектот СТП, се вели во отворено писмо до Владата.

Покрај светски познатите актери Џон Малкович, Мат Дилон и Д.В. Мофет, во писмото се потпишани и македонските актери Тони Михајловски, Александар Михајловски, Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Дејан Лилиќ, Мето Јовановски, Дарија Ризова, Сања Арсовска, српските актери Драган Бјелогрлиќ, Мики Манојловиќ и режисерот Срѓан Драгојевиќ, македонските режисери Борис Дамовски, Стојан Вујичиќ, Огнен Антов, Теона С. Митевска, музичарите Тијана Дапчевиќ, Игор Атанасоски, Тоше Поп Симонов, Ени Вучидолова, Никола Перевски – Пере, пијанистката Јованка Вишекруна и професорите Јордан Плевнеш, Хакиф Муилиќи, Љубомир Кекеновски.

Неодамна Џон Малкович најави основање на филмски и музички студија во Скопје т.н. Стоунбриџ Студиос, кои би биле предводени од врвните холивудски дејци како Џон Малкович, Мат Дилон и Д.В.Мофет. Филмскиот град, како што се најавува еден од најмодерните во Европа, е дел од многу поголем проект наречен Скопје Технолоџи Парк (СТП), прва приватна иницијатива за формирање на академско-технолошки нуклеус и генератор на идниот економски раст и едуцирана работна сила способна да се носи со предизвиците на 21 век. Оваа приватна иницијатива е претставена од компанијата СТП Капитал Партнерс Холдингс Скопје, македонска компанија основана од странски компании и професионалци кои доаѓаат од Франција, САД, Србија и други држави.

Претоходно американскиот актер, режисер и професор Доналд Ворен Мофет во Драмски театар  ја режираше претставата „Несоодветно за на работа“ од британската современа драмска авторка Луси Кирквуд. По премиерата, тој замина за САД, но најави дека многу би сакал повторно да работи во Макеоднија.

Еден од татковците на Европската Унија, Жан Моне, ќе остане запаметен во светската историја со неговата реченица: „Ако Европа повторно требаше да се гради, требаше да започне од културата!“ Овој голем интернационален проект СТП ќе биде вистински доказ дека македонската Влада, прифаќајќи го како стратешки проект, ќе внесе голем импулс и круцијален ангажман во своите евро-атлански интеграции, се вели во писмото.

Потписниците веруваат во искрените напори на Владата дека работи за интересите на своите граѓани и на државата која ја претставуваат.

Ги ставаме во функција наши академски и професионални капацитети одлуката која ќе ја донесе за доделување на статус на стратешка инвестиција на СТП, да помогнеме да ја спроведеме во дело. Искажувајќи нескриен оптимизам и разбирајќи го проектот како ретка надеж и ефективен начин за спречување на болниот одлив на млада и едуцирана работна сила од земјата, ве повикуваме да ја донесете единствената одлуката која сите граѓани на оваа држава ја очекуваат од вас, се вели во отвореното писмо.

Потписници на Отвореното писмо:

1. Џон Малкович
2. Мат Дилон
3. Д. В. Мофет

4. Проф. Д-р Јордан Плевнеш
5. Тони Михајловски
6. Тијана Дапчевиќ
7. Никола Перевски- Пере
8. Весна Петрушевска
9. Игор Џамбазов
10. Дејан Лилиќ
11. Јованка Вишекруна
12. Мето Јовановски
13. Драган Бјелогрлиќ
14. Мики Манојловиќ
15. Проф. Д-р. Хакиф Муилиќи
16. Теона Стругар Митевска
17. Проф. Д-р Љубомир Кекеновски
18. Сашко Коцев
19. Огнен Антов
20. Борис Дамовски
21. Стојан Вујичиќ
22. Сања Арсовски
23. Срѓан Драгојевиќ
24. Александар Михајловски
25. Дрија Ризова
26. Тоше Поп Симонов
27. Игор Атанасоски алијас Гуру Харе
28. Eни Вучидолова