Љубов и Секс

15 цитати за да го преболите љубовното разочарување и да продолжите понатаму

15 цитати за да го преболите љубовното разочарување и да продолжите понатаму

Иако после секое разочарување и лошо искуство стануваме посилни, сепак, потребно ни е време да продолжиме понатаму. Тоа е и еден од најтешките моменти во животот на секој од нас. Овие мудри зборови ќе ви помогнат да се ослободите од минатото и да гледате со надеж кон својата иднина.

  • „Вистината е дека доколку не се помирите со тоа, доколку не си простите себеси, доколку не сфатите дека е завршено, не можете да продолжите напред.“ – Стив Мараболи
  • „Ако оставите некого не значи дека не се грижите веќе за него. Тоа е начин да покажете дека единствената личност над која имате контрола сте вие самите.“ – Дебора Ребер
  • „Понекогаш е потребно скршено срце да нè освести за да сфатиме дека вредиме многу повеќе отколку што сме мислеле.“ – Менди Хејл
  • „Вчера е минато. Ништо не можете да направите за да го вратите. Престанете да мислите дека „требаше“ да направите нешто. Фокусирајте се на тоа што треба и можете да направите во моментот. Денес е нов ден!“ – Стив Мараболи
  • „Можете да потрошите минути, часови, денови, недели, па дури и месеци одново и одново анализирајќи ја ситуацијата, обидувајќи се да ги споите сите парчиња, замислувајќи што би можело да се случи… или можете едноставно да ги оставите парчињата на подот и да продолжите понатаму.“ – Тупак Шакур
  • „Не плачете затоа што е готово, насмевнете се затоа што се случило.“ – Доктор Сус
  • „Првиот чекор за да стигнете некаде е да одлучите дека нема да останете онаму каде што сте сега.“ – Џ. П. Морган
  • „Заборавете на она што ве повредило, но никогаш не заборавајте на што ве научило.“ – Шенон Л. Алдер
  • „Работата не е да се помирите со тоа – би го направиле ако би можеле. Наместо да се помирите, охрабрете се себеси со ‘нека биде’.“ – Џон Кабат-Зин
  • „Една од најхрабрите одлуки што некогаш ќе ги направите е да се ослободите од она што ви го повредува срцето и душата.“ – Б. Никол
  • „Најдобрата вештина за играње карти е да знаете кога да ја фрлите картата.“ – Балтасар Грацијан
  • „Личноста која не ве цени ве спречува да ја сретнете онаа личност која ќе ве почитува. Ослободете се од првата личност.“ – Роберт Ту
  • „Посветете си онолку време колку што ви е потребно за емоционално заздравување. За да продолжите понатаму не е доволен еден ден, потребни се многу мали чекори за да се ослободите од вашето скршено јас.“ – Тере Ариго
  • „Пуштете ги да си одат, во спротивно ќе ве влечат.“ – Непознат автор
  • „Ако минете низ пекол, продолжете да чекорите.“ – Винстон Черчил

извор: Кафепауза.мк