Мегафон
фестивал

12. издание на „Десонанз“ ќе се одржи виртуелно

12. издание на „Десонанз“ ќе се одржи виртуелно

Во октомври се навршуваат 13 години од постоењето на Десонанз Фестивал – еден од најпроминентните културни настани во Македонија. Заради пандемиските услови, фестивалот не се одржа минатата 2020 година.

Овогодинешното 12-то по ред издание на Десонанз ќе се одржи виртуелно, согласно безбедносните мерки. Онлајн програмата ќе биде распоредена во два фестивалски денови, а фокусот ќе биде насочен кон локалната современа електронска музика, соопшти организаторот.

Преку јутјуб каналот на Десонанз Фестивал, на 29.10 и 30.10 премиерно ќе бидат емитувани авторските настапи на: Марко Рикалоски, Филип Митров и  Tears In Rain.

Десонанз Фестивал е организиран благодарение на финансиската поддршка на Delegation of the European Union Skopje и Europe House Skopje.

Институционален партнер на фестивалот е Кинотеката.